Сталоне на гости кај Борисов: Ти си истиот Рамбо!

by fokus

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денес се сретна со холивудскиот актер Силвестер Сталоне.

Сталоне периодов се наоѓа во Софија, каде се снима продолжение на филмскиот хит ,,Рамбо”.

Борисов на својата официјална страница сподели фотографии и снимки од средбата. Јавно му се заблагодари за пофалните зборови кои актерот не ги штедел за убавините на Бугарија, но и за бугарите со кои работел на филмот.

-Не сме се виделе десет години, но ти си истиот Рамбо – му рече премиерот на Сталоне.

Вики Клинчарова

Поврзани новости