Стајковиќ од МВР: Средно сум богат, немам намера да бегам

by fokus

Не сум виновен за ова дело. Фамилијарен сум со 2 малолетни деца и средно богат. Немам намера да бегам. Ова денеска пред Апелација го изјави Небојша Стајковиќ од МВР, обвинет во случајот „Трезор“ на СЈО за кој Основниот суд Скопје 1 одреди мерка одземање на патната исправа.

Според одбраната, обвинението против Стајковиќ било поднесено од неовластен орган, т.е. дека СЈО за овој случај било ненадлежно. Според неговиот адвокат, не се работи за кривично дело кое произлегува од незаконското следење на комуникациите.

-СЈО собра доволно докази за обвинението против Стајковиќ. Тој има два пасоша. Меѓународен судија е за ватерполо, често патува надвор од Македонија. Обвинетиот е суспендиран од МВР поради настаните на 27 април, што се околности за опасност од бегство, рече обвинителот од СЈО Артан Ајро.

Поврзани новости