Стадионот во Прилеп се повеќе наликува на нива

by fokus

Стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп речиси две години е надвор од употреба откако во 2016-година започна негова реконструкција.

Сепак, процесот за стадионот да добие убав лик трае подолго од очекуваното, а прволигашот Победа своите натпревари го игра на други стадиони низ Македонија.

Сите градежни активности се запрени, а стадионот се повеќе наликува на нива, отколку на фудбалско игралиште.

Најфудбалскиот град во Македонија, Прилеп, очекува дека наскоро Победа повторно ќе ги игра првенствените натпревари пред домашна публика, како то што беше во изминатите децении.

Поврзани новости