Стабилно и суво време, од петок покачување на температурите

by Fokus

Времето во земјавата денеска ќе биде стабилно и суво, со услови за краткотраен дожд на крајниот запад.

Утринската температура ќе се движи од четири до 10 степени, а дневната од 13 до 25 степени.

Во вторник од претпладне, особено во западните делови, ќе дува засилен западен ветер и ќе има услови за краткотрајна нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи.

Потоа ќе продолжи период на малку посвежо време со повремено зголемена облачност и краткотраен пороен дожд, претежно попладне. Преодно постабилно време се очекува во петок кога и температурите малку ќе се покачат.

Поврзани новости