722
Пожарникарите и доброволците со крајни напори се обидуваат да го стават под коонтрола пожарот во пехчевско-беровскиот крај.
Како што извести екипата на ТВ 24, пожарот успеал да зафати дел од објектите од селото Мачево, но неговиот налет бил прекинат.
Пожарот го гасеа и три хеликоптери кои како наближува ноќта ќе мора да се повлечат.
Градоначалникот на Берово, Ѕвонко Пекевски, пак, за Телма изјави дека се уште не побарал евакуација на жителите на двете села.
Но, како што порача тој, таква можност не се исклучува, зависно од развојот на настаните.
И од Центарот за управување со кризи посочија дека овие пожари се најкритични, а постои опасност да се прошират и преку границата со Бугарија.