Локализиран пожарот во штипскиот регион

by fokus

Пожарите во штипскиот регион се локализирани, пожарникарите кои интервенираа во селото Доброшани веќе се повлечени, вели командирот на смена во ТППЕ-Штип, Пане Тимов.

Пожарот започна вчера попладнето од светиниколското село Богословец и во текот на ноќта се рашири во правец кон селото Доброшани, каде што веќе е локализиран.

Во селото Богословец изгореја стари куќи, земјоделска механизација, зафатена е голема површина на сува трева и помала пивршина борова шума.

Поврзани новости