298
Секцијата на жени при Сојузот на синдикати на Македонија очекува да се расчисти случајот со полицајката која беше нападната од висок функционер на ДУИ.
Претседателката Елизабета Гелевска рече дека ова треба да се направи за да се зачува достоинството и на професијата и на жената.
– Впрочем и Полицискиот синдикат кој е членка во ССМ издаде своја наредба да се испита случајот со цел да се зачува достоинството и на професијата и на жената која на работното место си ја вршела својата работа – изјави Гелевска пред почетокот на Конференцијата за поддршка на кампањата „Спречување на насилство врз жените и мажите во светот на трудот.