Српските граѓани летово ќе бидат ослободени од патарини во Македонија, како благодарност за вакцините

by fokus

Српските граѓани од 15 јуни до 15 август ќе бидат ослободени од патарини во земјава во знак на благодарност за донациите во вакцини, соопшти денеска и официјално министерот за здравство Венко Филипче во Белград на прес-конференцијата со српскиот министер за здравство Златибор Лончар.

Филипче и Лончар денеска во Белград договорија стратегиско партнерство за идните набавки од Институтот „Торлак“, кој ќе произведува вакцини против ковид-19.

Поврзани новости