Охриѓанец измамен преку фејсбук, уплатил 4.500 евра за да добие наследство од Франција

by fokus

Жител на Охрид останал без 4.500 евра, откако бил измамен преку социјалната мрежа фејсбук, за што пријавил во полиција.

Охриѓанецот пријавил дека на 1 март добил порака на фејсбук со која го известиле дека е добитник на наследство, поради што побарале да стапи во контакт со адвокат од Франција. Притоа добил информација дека како примател на наследството најпрвин треба да уплати парични средства за да потоа на неговата трансакциска сметка да биде префрлено фиктивното наследство.

Оштетениот 53-годишен охриѓанец во неколку наврати лично уплатил вкупно 3.730 евра, како и 800 евра што ги уплатил негов пријател.

Поврзани новости