744
Српските граѓани од 15 јуни до 15 август ќе бидат ослободени од патарини во земјава во знак на благодарност за донациите во вакцини, соопшти денеска и официјално министерот за здравство Венко Филипче во Белград на прес-конференцијата со српскиот министер за здравство Златибор Лончар.
Филипче и Лончар денеска во Белград договорија стратегиско партнерство за идните набавки од Институтот „Торлак“, кој ќе произведува вакцини против ковид-19.