Српските дипломати утре ќе се вратат во Македонија

by fokus

Персоналот на Амбасадата ќе пристигне назад во Скопје во текот на утрешниот ден, информирал шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, во телефонскиот разговор денеска со министерството за надворешни работи, Никола Димитров.

На крајот на неделава, пак, ќе следи посета на Димитров во Србија.

„Согласно договореното меѓу Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев и Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, а со цел зацврстување на традиционално пријателските односи, министрите за надворешни работи се договорија да се сретнат веќе овој петок во Ниш, Република Србија“, соопштуваат од МНР.

Поврзани новости