399
Српскиот претседател Томислав Николиќ во интервју за српската телевизија рече дека таблата на коридорот 10 со натпис БЈРМ ја поставила грчката фирма Актор, која го градела автопатот, бидејќи името на Македонија во ЕУ е БЈРМ.
-Сè било случајно. Случајно се погоди ние да го завршиме автопатот веднаш по гласањето во УНЕСКО. Мислам дека не треба ние врз малите држави да го искажуваме својот бес. Најверојатно внатрешните односи ја принудиле Македонија да гласа за Косово да биде дел од УНЕСКО, изјави Николиќ.
Грчката компанија Актор е пристутна и во Македонија. Таа го гради автопатот Смоквица – Гевгелија.