779
Српскиот патријарх Иринеј е позитивен на коронавирус. Како што е наведено на веб-страницата на СПЦ, патријархот бил хоспитализиран без симптоми и е во одлична општа состојба. Тој е во ковид-болницата во Белград.
„Како дел од редовната процедура за тестирање, и по епидемиолошката проценка, беше извршено тестирање на САРС Ков-2, што потврди дека Неговата Светост српскиот патријарх Иринеј е позитивен без симптоми и одлична општа состојба. Неговата Светост беше хоспитализирана во ковид-болницата во Белград“, се вели во соопштението.