Српскиот парламент го намали изборниот праг, дали Вучиќ создава подобна опозиција?

by Фокус

Српскиот парламент ги усвои измените на изборниот законик, со кои изборниот праг од 5 е намален на 3 отсто, со исклучок на партиите на националните малцинства за кои не е потребно да освојат три отсто од гласовите за пратенички мандати.

Овие измени, што ги побара пратеничката група на владејачката коалиција по неодамнешниот предлог на српскиот претседател Александар Вучиќ, ги изгласаа 157 пратеници, а ќе стапат на сила во рок покус од вообичаените осум дена од денот на објавувањето во Службениот весник на Србија.

Предлогот за намалување на изборниот цензус предизвика бројни полемики, имајќи предвид дека значителен дел од опозициските партии, кои се во коалицијата Сојуз за Србија, се определи за бојкотирање на изборите, затоа што според нив не постоеле услови за чесен изборен процес.

Додека владејачката коалиција тврди дека намалувањето на изборниот праг е на штета на водечката Српска напредна партија (СНС) на Вучиќ, но дека ќе придонесе за поголема демократизација на општеството, опозицијата предупредува дека станува збор за „маневар“ на власта која сака да направи „сопствена опозиција“ и да им овозможи на партиите од крајната десница да освојат мандати.

Претставниците на Европскиот парламент последните месеци се обидоа да посредуваат меѓу власта и опозицијата за изборните услови, но само делумно упсеаја во тоа, бидејќи Сојузот за Србија истана упорен да ги бојкотира изборите.

Поврзани новости