178
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека министерот за јавни инвестиции, Дарко Глишиќ, кој на 5 август доживеа мозочен удар, ја напушта болницата и ќе се врати на редовните обврски за еден месец.
„Нашиот Дарко штотуку ја напушта болницата. Ќе се врати на редовните обврски за еден месец. Им благодарам на сите што се грижеа“, рече Вучиќ во објава на својот Инстаграм профил, заедно со фотографија со Глишиќ.
Глишиќ на 5 август доживеа мозочен удар додека беше гостин во утринската програма на тв Пинк.