Српски метеролог: Циклонот што ја поплави Германија стигна во Србија

by fokus

„Циклонот веќе е присутен во Србија, но и на целиот Балкански полуостров, тој претходно беше над Германија и со денови беше присутен во истата област, заради што Западна и Југозападна Германија, Луксембург, Источна Холандија и Белгија имаа катастрофални врнежи и невреме незапамтено во последните 100 години“, напиша српскиот метерологот Џорџе Џуриќ на својот Фејсбук профил.

Според него овие се едни од најголемите поплави досега во оваа област, а сега за среќа, времето е целосно стабилизирано, и така ќе биде и во наредните денови, што би им помогнало на спасувачките екипи.

Истовремено предупредува дека Србија ќе биде под влијание на циклонот до вторник, со опасност од електрични полнења, град и обилни врнежи од дожд. Стабилизација на времето од среда, а летото во Србија се враќа од четврток.

Поврзани новости