Косовските Срби шести ден по ред протестираат незадоволни од распоредувањето на специјалните полициски сили во Јариње и Брњак и одлуката на Приштина да ги замени регистарските таблички. Како што соопшти РТС, два авиона на Војската на Србија во два наврата околу пладне прелетаа над областа во близина на административниот премин Јариње, како и попладнево уште еднаш.
Појавувањето на авионите предизвика аплауз од насобраните, кои извикуваа „Србија, Србија“, објави РТС.
Во изминатите неколку дена, над областа кај Јариње прелетаа и хеликоптери на Војската на Србија.
– Од четврток, три хеликоптери МИ-35 ќе ја надлетуваат областа веднаш до административната линија во близина на преминот Јариње од страна на централна Србија, потврдија вчера од Министерството за одбрана.
Српскиот министер за внатрешни работи, Александар Вулин, изјави дека МВР и неговите единици и Војската на Србија се подготвени да одговорат на секоја ескалација, но и дека ќе сторат сé за да избегнат какви било конфликти и се да биде мирно, нагласувајќи дека вооружените единици на Приштина мора да се повлечат од северот на Косово.