Српската заедница во Македонија организира бесплатен превоз за митингот на Вучиќ

by fokus

Српската заедница во Македонија организира бесплатен автобуски првоз за собирот во Белград кој ќе се одржи на 26 мај. Српскиот претседател, Александар Вучиќ ги повика граѓаните да ја спасат и да ја одбранат Србија од оние што сакаат да ја уништат по секоја цена и да излезат на најмасовниот протест во историјата на земјата кој ќе се одржи на 26 мај пред српскиот парламент во Белград

-Организиран е бесплатен автобуски превоз за сесрпскиот митинг на 26 мај во Белград. Кој е спремен да оди, нека се јави. Информирајте ги и сите останати. Тргнувањето ќе биде од Куманово, се вели во повикот.

Досега во Белград беа организирани два протести „Србија против насилството“ на кои организатори се дел од опозициските партии во Србија. Протестите следуваат по двете масовни убиства што се случија во Србија, првото во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, а второто кај Младеновац, во кои беа убиени вкупно 17 лица.

Поврзани новости