Албанија: Притвор за кандидатот за градоначалник на Химата за купување гласови

by fokus

Судот во Валона го прифати барањето на Обвинителство со кое на Фреди Белери, обвинет за купување гласови, му е изрече мерка притвор и тој во затвор ќе остане до крајот на судскиот процесот против него.

Белери, кој е кандидат за градоначалник на Химара, главно населена со Грци, на опозициската изборна коалиција „Заедно победуваме“ од Партијата за заштита на човековите права на грчкото малцинство, беше уапсен во четвртокот на полноќ во кафуле во Химара, во негова сопственост.

На судската седница Белери го отфрлил обвинението, оправдувајќи се дека бил пијан и не се сеќава на сите разговори што ги имал тој ден. Според него, тој бил со соработниците и дека немал пари да купи гласови.

-Сè се користи и се толкува политички, рекол тој.

За неговата одбрана „купувањето на гласови“ не била докажана, зашто „информациите полицијата ги добиле од поединец и тоа е политичка измислица“.

Околу случајот силно заинтересирана е Грција, којашто на албанското МНР му врачи демарш, шефот на дипломатијата

Никос Дендијас вчера објави дека за тоа го запознал и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и шефот на шведската дипломатија, како земја претседавач со ЕУ. На судскиот процес денеска присуствувала и грчката амбасадорка во Тирана, Константина Камици.

Албанските медиуми пренесуваат и реакција на американскиот Стејт департмент дадена за грчките медиуми.

-Ги повикуваме властите праведно и правично да ги применуваат сите закони и прописи на фер и еднаков начин. Важно е сите да ги почитуваат законите и правилата со кои се регулираат изборите, како и меѓународните правила, вклучително и забраната за купување или продавање гласови, изјавил претставник на американскиот Стејт департмент.

Доколку се потврди неговата вина, Берели, според важечките законски одредби може да добие казна затвор во траење од 5 години. Вториот обвинет за помагање на делото, Пандели Коконеши, не бил изведен пред суд заради влошена здравствена состојба, поради што морал да биде хоспитализиран во болницата во Валона.

Поврзани новости