Српската војска е на граница со Косово, Курти на средба со командантот на КФОР

by Фокус

Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ, по повод подигнувањето на борбената готовност на српските вооружени сили, изјави дека армијата е распоредена на позиции кон административната линија, додавајќи дека Србија нема да дозволи уште една „Бура“ и оти земјата  „ќе најде соодветен одговор, пред сѐ политички, но не и исклучува и друг @адекватен на опасноста што ѝ се заканува на државата.

-Тоа значи дека нешто пред 14 часот, началникот на Генералштабот на вооружените сили на Србија издаде дополнителни наредби единиците на Вооружените сили на Србија да заземат одредени позиции кои беа дефинирани во согласност со нашите одбранбени планови, стратешки планови, а исто така и оперативно-тактичките акции на српските вооружени сили, со цел заштита на суверенитетот на Република Србија и нејзините граѓани – рече Вучевиќ.

Во меѓувреме, косовскиот премиер Албин Курти одржува средба со командатот на КФОР, чии патроли се во близина на општинските згради на северот на Косово, каде се распоредени и косовски специјалци, откако новоизбраните албански градоначалници се обидоа да влезат во општинските згради по одржувањето на изборите што ги бојкотираше српската заедница.

Поврзани новости