413
Цариници во соработка со гранична полиција, на влезната страна на граничниот премин Прешево кон Македонија, вчера откриле и спречиле два обида за криумчарење наркотици, и заплениле преку 20 килограми дрога, јави Танјуг.
Царинската управа соопшти дека запленета е најмногу марихуана, над 19 килограми, и малку повеќе од еден килограм хероин.
Дрогата е пронајдена во две возила, во „Мерцедес А класа“ со албански регистарски таблички, кој доаѓал од Македонија, и во „Пежо“ со словенечки регистарски таблички, управувано од државјанин на БиХ.