Советот во Апелација заседавал ама сѐ уште не одлучил дали Груевски ќе оди во затвор

by fokus 12:57
12:57

Апелациониот суд сѐ уште не донел одлука за случајот „Тенк“, односно за тоа дали екс премиерот Никола Груевски ќе оди во затвор. Како што од судот појаснија за „Фокус“, советот заседавал, но сѐ уште не била донесена одлука.

Според првостепената пресуда Груевски беше осуден на две години затвор, а Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци, за набавката на мерцедесот од 580.000 евра.

- Advertisements -

Доколку Апелациониот суд ја потврди првостепената пресуда, или ја намали затворската казна за Груевски, тоа значи дека тој нема истиот ден да замине зад решетки. По приемот на писмено изработената одлука, судијата за извршување на санкциите треба да му достави упатен акт на Груевски, во кој ќе биде наведен денот кога мора да се пријави во затвор.

-Денот на јавувањето во установата се одредува така што на осуденото лице да му останат најмалку осум, а најмногу 13 дена од денот на приемот на упатниот акт, се предвидува во Законот за извршување на санкциите.

Доколку пак Апелациониот суд ја укине пресудата и предметот го врати од почеток, ова ќе значи дека Груевски ќе остане на слобода, бидејќи делото застарува во октомври.

В.В.

Поврзани новости