463
Македонец e уапсен во Србија, бидејќи го фатиле со 313 куршуми, информираа од министерството за внатрешни работи.
Српската полиција уапси 22-годишен државјанин на Македонија во близина на граничниот премин Батровци со Хрватска поради поседување 313 куршуми од различен калибар. Тој е осомничен за недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материјали.
На момчето му е одреден притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе биде изведен во Вишото јавно обвинителство во Сремска Митровица.