486
Претставата ,,Украѓена личнос’’ со актерот Милан Лане Гутовиќ, која требаше да се одржи вечерва во Дом на АРМ во Скопје е откажана.
Како што информираат организаторите, причина за откажувањето е влошената здравствена состојба на Гутовиќ, познат во регионот по улогата на Среќко Шоиќ, кој во претставата е прикажан како еден вид на прототип на наш политичар.Тој е во улога на директор кој сака да јаде во кафеани, а не сака да плаќа, се труди за влез во Европската Унија со цел да си ги реализира сопствените желби, и работи само за себе.
Нема информации за кога е презакажана комедијата. Сите кои купиле билети, кои се продаваа по цена од 350 денари, истите можат да ги рефундираат на продажните места.
В.К.