Угостителот Богдан Срејовиќ, кој стана популарен во јавноста откако лани започна романтична врска со турбо фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ, само неколку недели по разделбата со неа, не крие дека ужива во животот.
Тој деновиве објави фотографии од зимувањето на Златибор, во друштво со девојка, со што стави крај на гласините дека со пејачката ќе и дадат уште една шанса на љубовта.
По само две недели од разделбата, Богдан со нова девојка, пишуваат српските медиуми, во кои до неодамна актуелна тема беше прашањето дали конечно Ражнатовиќ ќе се реши на втор брак со младиот угостител и менаџер на локали.
Но, освен веста за тоа како Богдан го оставил минатото со Цеца зад себе и продолжил со ергенскиот живот, актуелни се и објавите дека Анастасија, ќерката на Цеца, по пет години ставила крај на врската со бизнисменот Ѓорѓе Куљиќ. Парот неодамна се пофали со купување на нов, луксузен стан, во близина на Калемегдан, во кој започнаа заеднички живот.
За тамошните медиуми изјавија дека причина за разделбата се непремостливи разлики.
Вики Клинчарова