Во однос на реконструкцијата на Универзална сала, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска вели дека во рамки на тоа што е договарано со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, во Советот на Град Скопје ќе се дискутира кои се опциите за изнаоѓање на најдобро решение за Универзалната сала.
– Средствата коишто се одвоени за Универзалната сала во 2021 година, се одвоени од страна на буџетот на Владата и тие го опфаќаат само надворешниот дел, а во однос на проектирањето и изведбата на внатрешниот дел на Универзалната сала, нема ниту готов проект во рамки на Градот, ниту пак имаме соодветно финансирање коешто е сериозно и коешто би опфатило од прилика речиси до 10 проценти од целокупниот буџет на Градот Скопје, што е сериозна сума што би требало да се одвои, посочи Арсовска во интервјуто за МИА.