Средовечен Германец со психички проблеми стои зад нападот во Мунстер?

by fokus

Германските власти веруваат дека инцидентот во Мунстер, каде комбе влета во група луѓе, не е терористички напад и дека возачот имал психички проблеми, објави весникот „Зидојче цајтунг“.

Наводно возачот бил средовечен Германец со психијатриска дијагноза. „Зидојче цајтунг“ наведува дека е претресен станот на осомничениот во потрага по екплозив.

Надлежните органи се уште не ги соопштија мотивите за нападот. Според информации од полицијата во возилото е пронајден сомнителен предмет, но нема детали за што станува збор. Се претпоставува дека возачот имал соученици кои побегнале од местото на настанот.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е длабоко шокирана од страшната случка и дека се презема се што е можно да им се помогне на семејствата на загинатите и повредените.

Во германскиот град Мунстер, денеска попладне комбе влета во маса луѓе, по што возачот се застрела со огнено оружје. Три лица починаа, а 20 се повредени.

 

 

Поврзани новости