933
Комисијата за заразни болести го прифати барањето на Кризниот штаб на Тетово новата учебна година во средните училишта во Полошкиот регион да почне онлајн поради состојбата со пандемијата со Ковид-19.
Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција во Тетово со градоначалничката Теута Арифи, рече дека наставата во средните училишта на 1 септември ќе почне онлјан и така ќе се одвива две недели, а како ќе се одвива понатаму ќе зависи од развојот на состојбата.