577
Средношколците денеска во 12 часот по втор пат ќе маршираат против лошите реформи во образованието, а нивната маршута ќе се движи од Собранието до Министерството за образование. Според најавите, нивниот протест ќе се одржи под маски, за да се поистоветат со Денот на шегата.
Министерот за образование Абдулаќим Адеми вчера се сретна со преставници на Унијата на средношколци, но на средбата не беа повикани од Средношколскиот пленум.
Постигната е согласност математиката. да не биде задолжителен предмет во државната матура за сите ученици, туку само за учениците од природно-математичките гимназии.
Протести најавија и учениците од Тетово и Прилеп.