Средношколците ќе кампуваат пред Министерството за образование

by Фокус

Од утре, понеделник, средношколците ќе постават камп во Паркот на новинари спроти зградата на Министерството за образование и наука. тие ќе го продолжат  бојкотот на наставата и со 24-часовно присуство пред зградата очекуваат дека министерот Абдулаќим Адеми ќе ги повика на состанок.

Од средношколскиот пленум, на денешната прес конференција пред МОН, соопштија дека бојкотот во училиштата продолжува, со тоа што учениците ќе ја бојкотираат наставата, а по завршувањето на часовите ќе се приклучат на кампот пред МОН. Тие најавија дека бојкотот нема да го прекинат се додека не се сретнат со министерот. До сега над 18.000 средношколци ја бојкотираат наставата ширум Македонија.  Нивните барања се враќање на стариот концепт на полагање на државна матура. Законот за екстерното тестирање да биде ставен во мирување и електронското полагање на државна матура да се укине.

Поврзани новости