Средношколците и ова недела ја бојкотираат наставата

by Фокус

Средношколците во неколку градови низ земјава го продолжуваат бојкотот на наставата, се додека министерот за образование Абдулаќим Адеми не прекине да ги игнорира у не ги прими на средба.

Од Средношколскиот пленум велат дека празничните денови ги искористиле да се координираат интерните пленуми на деветте скопски училишта со нивните соученици од Охрид, Велес, Струмица, Куманово, Тетово. Од денеска на бојкотот се приклучува и средното техничко училиште „Ѓорѓи Наумов” од Битола.

Според нив, екстерното тестирање и државната матура како и начинот на нивно спроведување не го еволуира на соодветен начин знаењето на учениците. Народниот правобранител Иџет Мемети деновиве побара од ресорниот министер да се сретне до претставници на Средношколскиот пленум и да ги слушне нивните барања.

Од Пленумот апелираат до професорите и директорите да не вршат притисок врз учениците.

-Пленумот го замолува училишниот персонал да ги елиминира притисоците кои беа вршени врз учениците изминатата недела. Бојкотот ќе продолжи и во најлошите услови бидејќи имаме право да го искажеме нашето незадоволство. Бојкотот ќе се спроведува по планираните агенди освен ако тоа не ни биде оневозможено (агендите вклучуваат едукативни и забавни активности за сите ученици). Ние средношколците, говориме во еден глас и тој глас ќе биде слушнат – велат од Средношколскиот пленум.

 

 

 

 

 

Поврзани новости