Граѓани: Детската клиника во Козле е очајна

by Фокус 10:06
10:06

Иницијативата „Ќе дишеме или ќе издишеме“ продолжуваат со своите активности. Тие револтирани од условите во клиниката за белодробни заболувања во Козле испратија писмо до Оливер Зафировски, директор на клиниката во кое наведуваат:

„Се почесто се слуша лелекот на мајки кои ја посетуваат клиниката ,се поголем е бројот на дечиња кои имаат алергиски заболувања , се поголем е бројот на деца со респираторни проблеми .Бевме испровоцирани од еден настан каде Директорот на јавен настап на Канал 5 за време на хуманитарен базар за велигденските празници се заблагодарува на партиски членови (претседател на општина Карпош) за помош која е од сите граѓани.Воедно ние како иницијатива ја посетивме клиниката. Новата зграда која толку беше најавувана и која требаше да биде пуштена во употреба  до 17.09.2014 година не е завршена . Ја евидентиравме состојбата на терен ,напуштени болнички кревети во дворот,катастрофален  пат до клиниката (по кој не треба да заборавиме возат избезумени родители со своите болни дечиња) , стари бараки (донација) , вреќи отпад ,чаршафи. Затоа на ден 15.04.2015 (утре) Ве покануваме на прес пред Републичкиот Институт за јавно здравје“- стои во писмото на иницијативата „Ќе дишеме или ќе издишиме“

- Advertisements -

 

Поврзани новости