Околу 15.000 средношколци денеска ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита од државната матура – мајчин јазик и литература.
Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ) пријавени се 10.088 кандидати за испитот по македонски јазик и литература, 4.189 за албански јазик и литература и 315 кандидати за турски јазик и литература.
Вториот (изборен) екстерен испит ќе се полага на 8 јуни.
Пријавени се 1.356 кандидати за математика, 13.198 за англиски јазик, 37 за француски јазик, 114 за германски јазик, 84 за естетика и по еден кандидат за руски јазик и за филозофија.
Според видот на образование, 6.341 матуранти се од гимназии, 8.230 од стручно и 263 од уметничко образование.
Матурантите кои во јунската сесија нема да ја положат државната матура или не во целост, ќе може да се пријават за августовската сесија кога двата екстерни испита ќе се полагаат на 12 и 14 август 2024.