Средношколците бараат да полагаат помалку предмети за државна матура

by fokus

Претседателот на Сојузот на средношколци Бленди Ходаи попладнево беше на средба со министерката за образование и наука Мила Царовска за државната матура за која претставниците на матурантите сметаат дека е дополнителен стрес за нив во услови на пандемија.

Во изјава за медиумите по состанокот, Ходаи рече дека во консултации со своите претставници од градовите низ земјава, како и со сојузи на средношколци од други земји, заклучиле дека државната матура е важна, но имаат барања за оваа генерација и сметаат дека тие се возможни и конструктувни. Првото барање е да се намали бројот на екстерни предмети и да полагаат два екстерни испита, а втрото е помалку да биде вклучен наставниот материјал што го изучуваа преку онлајн-платрформи откако почна пандемијата, односно од второ полугодие во трета година.

– Наидовме на компромис за второто барање – дека прашањата од материјалот што е учен во трета година кога почна кризата, и за четврта година, ќе бидат поедноставни во испитите на државната матура за да им биде полесно на средношколците. За првото барање – за намалување на бројот на предмети ќе се земе предвид за новиот концепт на државната матура за наредната година. Но, ќе се трудиме до максимум да биде прифатено и за оваа година. За тоа ќе се консултираме со универзитетите и со Државниот испитен центар за да најдеме компромис дали ќе ги прифатат учениците со испити од два екстерни предмета, како што ги прифаќаат во странство, рече Ходаи.

Тој посочи дека Сојузот на средношколци се согласува дека државната матура е задолжителна и е важен дел во сите образоивни системи во светот и не сакале, како што рече, со популистичка реторика да се противат на матурата, а потоа во мај-јуни сите да ја полагаат, но сакаат модифицирана содржина во вакви услови. За ваквата одлука имале консултации со средношколци и нивни пријатели и колеги од сојузите на средношколците во соседните држави и од евроски земји.

– Одлучивме за овие барања кои се многу јасни, конструктивни и возможни. Тие ќе осигураат дека императив при донесување на одлуките во време на пандемијата ќе бидат обезбеден квалитет на образиованието и менталното здравје на учениците. Министерката Царовска на состанокот кажа дека државната матура досега беше пародија и ние треба да работиме да ја модеррнизираме и да се олесни процесот за матурантите во оваа учебна година зашто таа ќе ни биде дополнителен стрес знаејќи какво е ментакното здравје на учениците во пандемијата, додаде претседателот на Средношколскиот сојуз.

Државната матура во учебната 2020/2021 ќе се полага од 29 мај до 14 јуни. Треба да се полагаат три екстерни предмети – задолжително мајчин јазик, странски јазик или математика и уште еден изборен испит за кој се понудени десет предмети. Покрај екстерните, државната матура опфаќа и интерен предмет и проектна задача.

Поврзани новости