367
Средношколскиот пленум најави дека ќе продолжи со активностите во наредниот период за изменување на постојниот модел на екстерното тестирање.
Претставници од пленумот велат дека засилени активности ќе има поточно од септември, на стартот на новата учебна година.
Нивното барање подразбираше екстерното тестирање да се стави во мирување оваа година и оценките на матурантите кои го полагаа во јануари да не влезат во свидетелствата.