Средношколски пленум: Нема да има никаков компромис, ако не се исполнат барањата

by Фокус

И, по третата средба на средношколците со преставници на Министерството за образование нема договор. Тие не успеаја да се договорат и на денешната средба, бидејќи како што велат од Пленумот, МОН на маса го ставил предлогот уште годинава да се полага матура по стариот концепт,  а да се формираат работни групи што ќе работат на новиот концепт за следната генерација матуранти.

– Денеска немаше никаков договор. Ни беа предложени алтернативи, што нас не ни одговараат. Нема да има никаков компромис. Не сме задоволни од денешната средба бидејќи гледаме дека ги одолговлекуваат работите. Сега испадна нѐ примија, не нѐ игнорираат повеќе, ама затоа временски пролонгираат – велат од Средношколскиот пленум.

Средношколците досеа трипати излегоа на масовни протести, а веќе трети ден имаат поставено кампови пред ресорното министерство, и како што велат таму ќе останат се додека не бидат прифатени нивните барања.

Поврзани новости