666
Поранешниот претседател на Антикорупциската комисија, Иљми Селами, е избран за нов заменик-министер за одбрана на денешната собраниска седница.
Ова следува откако Арбен Лабуништа поднесе оставка од оваа функција, поради, како што соопшти до јавноста, неговото незадоволство од тоа како неговата ДУИ се поставува во политичката криза, како и од внатрепартиските процеси.
Премиерот Никола Груевски предложи парламентот да ја констатира оставката на Лабуништа и за негов насленик да го избере токму Селами, кој, според доставената биографија до пратениците, од 2008 до 2011 година бил советник за реформи во Министерството за одбрана, а од 2011 до 2013 државен советник за човечки ресурси во министерство.