Средношколски пленум: Не им се плашиме, ние сме иднината!

by Fokus

Од збирното место од пред Собранието, средношколците во моментот се упатија кон Владата, а потоа својот марш ќе го завршат пред зградата на Минстерството за образование и наука. Тие, во голем број, маршираат против лошите реформи во образованието.

-Вчерашниот договор меѓу Министерството за образование и наука и Унијата на средношколци е една лага, само обична лага. Оваа борба ја продолжуваме и нема да се откажеме. Цело време не плашат, не држат со лаги, ни велат дека ќе ни го земат домот, лебот и ќе ни ја скршат вилицата. Се додека се плашиме и молчиме тие ќе газат врз нас. Ние ќе ја издвојуваме нашата слобода, ќе го надминеме стравот, а слобода е кога ќе се видат средношколците на улица. Не сакаме да не третираат како експериментални заморчиња. Има повеќе законски измени во образованието отколку што ние имаме страници во учебниците. Не им се плашиме, ние сме иднината, изјавија претставници на Студентскиот пленум.

srednoskolci2

Поврзани новости