МВР објави детали за средношколецот Јован, од скопската гимназија „Георги Димитров“ кој беше пронајден мртов. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави професорката Виолета Ачковска.
Таа напиша дека бил отруен од дрога, но мајката на Јован во меѓувреме се огласи на социјалните мрежи и напиша дека не се работи за самоубиство во никој случај.
Според соопштението на полицијата, тинејџерот бил пронајден со повреди настанати од пад од висина.
– На 12.03.2023 во СВР Скопје е пријавено дека на плочник пред зграда на подрачјето на Центар е пронајден починат Ј.Т.(18). Извршен е увид од страна на полициски службеници и по насока на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција, при што е утврдено дека починал поради повреди настанати од пад од висина – информираат од МВР.
Неговите другари и сооченици, вчера на гробиштата во „Бутел“ го испратиле Јован во своето вечно почивалиште.