Средните стручни училишта годинава со речиси двојно повеќе ученици од гимназиите

by fokus

Министерство за образование и наука (МОН) попладнево соопшти дека по првото пријавување за упис во средните училишта вкупно се запишале 11.826 ученици од кои 9.061 за настава на македонски јазик, 2.604 за настава на албански, 130 ученици за настава на турски јазик и 31 повторувач.

Вкупно се пријавиле 16.676 ученици од кои 11.636 за настава на македонски јазик, 4.707 за настава на албански, 302 ученика за настава на турски јазик и 31 повторувач.

Според видот на образованието, во првото пријавување запишани се вкупно:

  • 4 464 ученици во гимназиско образование од кои:

3 415 ученици на македонски наставен јазик,

967 ученици на албански наставен јазик,

82 ученици на турски наставен јазик.

  • 7.000 ученици во стручно образование од кои:

5 312 ученици на македонски наставен јазик,

1 609 ученици на албански наставен јазик,

48 ученици на турски наставен јазик и

31 повторувач.

  • 242 ученици во Спортска академија од кои:

231 ученик на македонски наставен јазик,

11 ученици на албански наставен јазик.

Поврзани новости