Среде штрајк, директорот на Македонски Железници си поднесе оставка

by fokus

Железничкиот сообраќај повеќе една недела е во целосен прекин поради штрајкот на вработените кои уште не ги добиле јануарските плати. Директорот на претпријатието пак, Никола Костов денеска си поднесе оставка.

Од Владата денеска рекоа дека се уште не ја добиле оставката, а откако ќе ја разгледале ќе препорачале претпријатието да избере нов директор.

Иако владата донесе одлука за зголемување на средствата кои железници ги добиваат на годишно ниво од околу 70 милиони денари, исплатата ја услови со враќање на работниците на работа.

Железничарите велат дека ниту некој ги информирал, ниту добиле пари.

Поврзани новости