Пожарникар претепан дури гасел пожар во Скопје

by fokus

Пожарникар со повреди на главата е пренесен во Клинички центар откако група граѓани го нападнале додека гласнел пожар зад палатата „Емануел Чучков“ во Скопје, јави САКАМДАКАЖАМ.МК

-Група граѓани, собрани во дворот на бараката од каде што доаѓал чадот, ги нападнале пожарникарите. Со повреди на главата еден од пожарникарите итно е пренесен во болница. Граѓаните биле лути што пожарникарите се појавиле оти во дворот горело ѓубре. Пожарот веднаш бил локализиран. Пријавата  е од соседи кои го забележале чадот и стравувале дека пожарот може да се прошири- изјави на скопската противпожарна бригада Ѕвоно Томевски.

За инцидентот веднаш била повикана и полиција која собираше изјави од сите очевидци.

Поврзани новости