Средбата со Бајден била на барање на Груевски

by Фокус

Амбасадата на САД попладнево соопшти дека средбата на македонскиот премиер Никола Груевски со американскиот потпретседател Џо Бајден била на барање на Владата на Република Македонија.

-Владата на Република Македонија барала премиерот Груевски денеска да се сретне со потпретседателот на САД, Џо Бајден за да разговараат за спроведувањето на договорот од Пржино, за безбедносни како и за останати прашања од заеднички интерес, велат од амбасата на САД во Р.Македонија.

Ова ќе биде втора средба на Никола Груевски со Џо Бајден, а првата беше во 2011 година. Денешната средба доаѓа во период кога преговорите за спроведување на Договорот од Пржино се закочени, а се ближи крајниот датум кога премиерот Груевски треба да си поднесе оставка.

 

Поврзани новости