Средбата на работните групи заврши без изјави за јавноста

by Фокус 19:17
19:17

Средбата на работните групи, со која денеска продолжија преговорите за спроведување на договорот од Пржино, заврши по пет часа, а новинарите кои чекаа пред Клубот на пратеници не добија ниту една изјава. Никој не сакаше да открие детали од разговорите, ниту пак дали паднал конкретен договор по некоја од точките.

Ниту претставниците на четирите најголеми политички партии не дадоа изјава, ниту пак белгискиот олеснувач Питер Ванхојте. Преговорите ќе продолжат наредниве денови, а како главна тема останува спроведувањето на изборите во април.

- Advertisements -

Неофицијално, главна тема на денешната средба било прочистување на Избирачкиот список од непостојните гласачи, но и од гласачите од Пустец. Во игра се две опции: оние кои сакаат да гласаат да се регистрираат пред изборите или теренска проверка на Избирачкиот список од одење од врата на врата. Нема информација што би било прифатливо за владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани новости