392
Нема одлука по маратонскиот состанок на централното претседателство на ДУИ. Состанокот продолжува утре во 14 часот, пренесе телевизија 24.
Лидерот на ДУИ во изјава за ТВ 21 на прашањето дали знае дека колата на потпретседателот Бејта е видена во СДСМ, одговорил: Јас сум лидерот, јас знам кого и каде праќам. Спорд неофицијалните информации имало жестока расправа за опциите коалиција со ВМРО ДПМНЕ а намаса се ставиле и аргументите про и контра коалиција со СДСМ.
На еден ден пред истекот на рокот кој мандаторот Никола Груевски како челник на ВМРО ДПМНЕ го има за формирање на владин состав, од ДУИ се уште нема конечна одлука дали партијата ќе коалицира со досегашниот партнер. Официјално во албанската партија денеска се одвиваше дебата во рамки на седницата на централното претседателство.