На денешната средба на Заев со претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи беше потенцирано значењето на реформите и геостратешката потреба на Република Македонија да се приклучи како полноправна членка во НАТО алијансата и земјава да добие датум за почеток на преговори со ЕУ.
Премиерот Зоран Заев ја покани опозициската ДПА да се вклучи во процесот на реформите со вградување на своите ставови во процесите коишто следуваат.
„Премиерот Зоран Заев и претседателот на ДПА, Мендух Тачи, се согласија дека се што е интерес на граѓаните на Република Македонија заслужува поддршка од опозициската партија. Во таа насока Тачи најави дека партијата ќе биде конструктивна опозиција којашто ќе ги поддржува интересите на граѓаните и реформските процеси коишто значат придвиживање во евро-атланските интеграции, но во исто време ќе биде гласна во своите ставови и критики на политиките за коишто партијата ќе смета дека не се спроведуваат соодветно“, соопшти Владата.