Средба Салији-Бејли: САД ја поддржува Македонија во развојот на правниот систем

by fokus

Новиот министер за правда, Билен Салији, денеска имаше средба со амбасадорот на САД, Џес Бејли, на која разговараа за реформите кои треба да се преземат од страна на Владата.

Овие реформи треба да ја водат земјата кон зголемена ефикасност, транспарентност и спроведување на законот и евро – атлантската интеграција.

Салији изразил желба соработката и помошта од САД да продолжи и во иднина во текот на процесот на јакнење на владеењето на правото, зајакнување на независноста на судството, и враќање на довербата на граѓаните во институциите на правдата. Амбасадорот Бејли изјави дека САД ќе продолжи да ја поддржува Република Македонија во процесот на развојот на правниот систем.

Бејли му честиташе на министерот Салији за неговото назначување на новата функција, нагласувајќи ја поддршката која САД ја имаат дадено на Република Македонија во областа на правосудството.

Поврзани новости