716
Високиот функционер на Стејт департменот Хојт Ји е во дводневна посета на Скопје. Во тек е неговата средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Хојт вчера се сретна со премиерот Никола Груевски, министерот Никола Поповски и лидерот на ДУИ Али Ахмети и побара Владата да постапува исто во сите случаи каде што има криминал или злоупотреби. Односно, да бидат процесуирани и случаите каде има сомневања за функционерите на власт, а не само оние на опозицијата.