Независната кандидатка за градоначалничка на Скопје поддржана од опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ААА, Данела Арсовска, оствари средба со Арбен Шаќири, кој беше кандидат за градоначалник на коалицијата на владејачките ЛДП и ДОМ.
Арсовска сподели фотографија од средбата на фејсбук со коментар „скопски муабети“, алудирајќи дека ја добива поддршката од Шаќири во вториот круг.
Инаку, Шаќири во првиот круг освои 8.911 гласови. Веднаш после гласањето, тој рече дека нема да ги насочува гласачите, но порача дека тој нема да гласа за Шилегов.
Во предизборните дебати, Шаќири посочи дека Шилегов ги изневерил неговите очекувања дека ќе биде добар градоначалник.
Од друга страна, пак, Шилегов го обвини Шаќири дека се кандидирал за градоначалник зашто не станал директор на МКЦ.