Ниската црна кампања на Заев и Шилегов го достигна дното, вели Арсовска

by Fokus

Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска се јави со реакција на денешната прес конференција на СДСМ.

Таа потенцираше дека ниската црна кампања на Заев и Шилегов го допре дното инволвирајќи го нејзиното најтесно семејство.

– Толку им гори под нозе што моите политичките ривали се користат со нови лаги и измами против моето семејство. Срамно е што моето семејство станува мета на црната кампања. Нападот на моето е напад на секое друго семејство кое треба да биде и да остане светост за секој човек со морал и вредности. Тоа од друга страна ја покажува немоќта и очајот во кој се наоѓа градоначалникот на Скопје, Шилегов кој ја загуби поддршката од Скопјани, додава Арсовска.

Според неа, наместо борба за проекти и подобар стандард на Скопјани, гледаме гладијаторска битка на лажни вести и изместени морални вредности.

– Скопје ќе биде модерно, ќе чекори напред и заедно ќе создаваме нови вредности, поинакви од се друго до сега. Затоа што ние сите заслужуваме подобро од тоа што го имаме сега, додаде Арсовска.

Поврзани новости